Квалитетот на македонското млеко мора да ги задоволува ЕУ стандардите. Анализите покажуваат дека една третина од домашното производство засега е далеку од европските стандарди.
Најдоцна до 2013 година македонското млеко треба да ги достигне европските стандари. Ова го велат макадонските млекарници, потенцирајќи дека како и се друго така под лупа на Европа е и квалитетот на македонското млеко. Досега анализите покажале дека само една третина од домашното производство не ги задоволува европските стандари за квалитет. Дури и во извештајот на Европската комисија за земјоделието укажано е дека неопходно е да се подобри квалитетот на млекото.
,,Нас не очекува една голема инспекција, да речам во наводници, од страна на Европската унија каде што комплетниот млечен сектор во Македонија ќе треба да покаже дека работел по одредени законитости и регулативи, односно дека можеме да произведеме квалитетно и безбедно млеко за исхрана, а тоа значи дека сто отсто млекото во Македонија или поголемиот дел да биде во екстра класа. Тоа значи да содржи до 100 000 бактерии и 400 000 соматски клетки."
вели Златко Најдовски, директор за сировина во Битолска млекара.
Статистиката покажува дека Македонија годинава воопшто не извезла млеко за ЕУ, пласамнот е главно ограничен на регионот Србија, Црна гора, Косово. Правилникот за млеко предвидува секое добиточно одгледувалиште задолжително да носи примероци месечно во овластена лабараторија на испитување. Но, ова засега не е спроведено во целост заради финсиска немоќ на фармерите. Според експертите зголемувањето на квалитетот на млекото е сложен процес кој не е можно да се постигне преку ноќ и за што ќе треба заложба на сите субјекти во млечниот бизнис.
,,Во овој момент како стојат работите, без оглед колку напорно да се вложува, тоа не може да биде едностран напор, тоа ќе мора да се решава системски, доносно млекопроизводители, оператори со млеко и институциите кои се вклучени во самиот сектор. Тоа е имепратив пред кој ние немаме враќање назад."
вели Најдовски.
Нас не очекува една голема инспекција, да речам во наводници, од страна на Европската унија каде што комплетниот млечен сектор во Македонија ќе треба да покаже дека работел по одредени законитости и регулативи
,,Нас не очекува една голема инспекција, да речам во наводници, од страна на Европската унија каде што комплетниот млечен сектор во Македонија ќе треба да покаже дека работел по одредени законитости и регулативи, односно дека можеме да произведеме квалитетно и безбедно млеко за исхрана, а тоа значи дека сто отсто млекото во Македонија или поголемиот дел да биде во екстра класа. Тоа значи да содржи до 100 000 бактерии и 400 000 соматски клетки."
вели Златко Најдовски, директор за сировина во Битолска млекара.
Тоа значи дека сто отсто млекото во Македонија или поголемиот дел да биде во екстра класа