Албанскиот премиер Сали Бериша го смета за лажен и неоснован извештајот на Дик Марти, од Советот на Европа, во кој се тврди дека косовскиот премиер Хашим Тачи бил водач на криминална група што се занимавала со трговија со човечки органи, дрога и оружје. Обвинувањата за трговија со органи за прв пат во 2008 година ги изнесе поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте. Таа ја истражувала и таканаречената „Жолта куќа“ на северот на Албанија под сомнение дека се користела како „клиника“ од каде што се продавале органите на околу 300 заробени Срби во Косово.
Марти, како известувач на Советот на Европа, денеска во Париз ќе го претстави извештајот пред европски дипломати од 47 држави членки.
Марти, како известувач на Советот на Европа, денеска во Париз ќе го претстави извештајот пред европски дипломати од 47 држави членки.