Сепак автопат и низ шумата Кимки во Русија

Руската влада донела одлука да гради дел од новиот автопат меѓу Москва и Санкт Петерсбург низ шумата Кимки и покрај протестите на екологистите. Заменик премиерот Сергеј Иванов денеска изјави дека ќе бидат издвоени дополнителни над 100 милиони долари за компензирање на еколошките штети во шумата. Конечниот збор го има претседателот Дмитриј Медведев, кој еднаш ја блокира изградбата на автопатот низ шумата Кимки поради масовните протести.