Руска невладина организација соопшти дека во Русија на секои 63 минути умира по една жена како жртва од семејно насилство. Според истражувањата 650 илјади жени годишно во Русија се жртви на семејно насилство. Во извештајот на организациите за поддршка на жртвите од семејно насилство над 14 илјади жени умират секоја година а бројката е стабилна во последниве 15-тина годнини. Марија Пискарова од организацијата АНА изјави дека причините за овој проблем може да се бараат во патријахалното општество во кое жените се навикнати на насилство .