Изборниот процес во Косово се одвива во мирна и демократска атмосфера. Жителите не се надеваат на големи промени по изборите.Меѓународната заедница набљудува колку српското малцинство е интегрирано во општеството.
Денеска во Косово се одржуваат вонредни парламентарни избори, прв пат откако земјата прогласи независност. Според предизборните анкети се очекува трката да се води меѓу Демократската партија на сега поранешниот премиер Хашим Тачи и неговиот ривал Демократската лига за Косово предводена од градоначалникот на Приштина Иса Мустафа.
Жителите на Косово не очекуваат многу од изборите вели Арлинда Красниќи.
„Се ќе остане исто видовме дека од минатите избори па навака нишо не се смени на подобро“
Бајрам Ферати кој утрово го искористи своето демократско право вели дека има надеж.
„Очекуваме економски промени и вработување но само ако победат новите партии“
Борбата против корупцијата и големата стапка на невработеност се главните прашање кои ги мачат гласачите во текот на предизбораната кампања.
Поранешниот премиер Хашим Тачи откако гласаше во Приштина изјави дека денешните избори се за „Интеграција во Европската Унија и Обединетите Нации и за подобар живот за косовските граѓани.“
Неговиот ривал, лидерот на
Демократската лига за Косово Иса Мустафа откако го пушти ливчето во избирачката кутија изјави дека ова е важен ден за демократијата во земјата.
„Верувам дека граќаните ќе го изберат најдоброто решение, дека граѓаните ќе го изберат оној што навистина ќе ја води државата правилно во иднина.“
Меѓународната заедница го набљудува целиот процес одблиску за да види дали српското малцинство е интегрирано во политичкиот живот на земјата.
Околу 1,6 милиони жители ќе гласаат денеска за да изберат 120 пратеници. 10 прaтенички места се резервирани за косовските Срби и десет за останатите малцинства, но според предизборните анкети, нивната излезност ќе биде мала поради барањето на Србија да ги бојкотираат изборите.
Јован Николиќ од Косовска Митровица останува непопустлив во својот став.
„Јас ќе учествувам на избори само доколку ги организира Србија но нема да учествувам во избори организирани од косовските инститиуции.“
Неговиот сограѓанин Стефан Димиќ го дели истото мислење.
„Ако се прашувам јас, ниту ме интересираат ниту ми е гајле за овие избори. Јас нема да гласам“
Најголемиот дел од гласачките места се отворени и гласањето се одвива без проблеми соопшти Централната изборна комисија во Косово. Парламентраните избори во земјата ги обезбедуваат околку 6 илјади полицајци.
Во изборниот процес учествуваат 32 илјади набљудувачи од кои речиси 500 се претставници на меѓународните организации.
Европската Унија вчера ги повика сите политички партии да придонесат за фер и слободни избори во демократска атмосфера.