Фрапантни податоци соопшти регионалниот Центар за онкологија од битолската болница, секоја недела се регистрираат по три до четири ново заболени жени.
Секоја недела се регистрираат по три до четири ново заболени пацинетки од рак на дојка од југо западниот регион, а едната од нив секогаш е битолчанка. После срцевите заболувања ова е најчестата болест што се јавува кај жените од регионот. Но, и покрај енормниот пораст на бројот заболени, се уште на располагање им е цитостатската терапија, а за здрачење мораат да патуваат во Скопје зашто во битолската болница се уште не е инвестирано во набавка на ваква апаратура. Најоптимистичките надежи се дека таа ќе се набави дури по десет години.
,,Лигата за борба против ракот донесе декларација во која бара да сеобезбедат услови за таква зрачна терапија до 2020 година. Тоа многу ќе го подобри лекувањето на болните зашто ќе има поголема достапност за таа метода. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески и градоначлниците од овој регион дадоа сериозна поддршка за еден таков проект."
вели онкологот Петар Стефановски.
Не е ни мал процентот на заболени жени кои во борбата со болеста ги загубиле градите. Доктор Стефановски додава дека за лекувањето на оваа болест многу значајно е раното откривање, но исто така „уште позначајно е оние кои се дијагностицирани да добијат адекватен третман, да се обезбеди континуитет во нивното лекување, да се применат сите најсовремени методи на лекување во 21 век. Само така може да се обезбеди еден континуитет, едно добро лекување и таа болест да се претвори во хронична и со тоа да има долго преживување на пацинетите.“
За разлика од жените кај мажите најзачестен е ракот на белите дробови. Инаку во регионалниот онколошки центар во Битола во моментот активно се лекуваат околу 1000 пацинети болни од канцер, а на годишно ниво се следат уште 3000 други.
,,Лигата за борба против ракот донесе декларација во која бара да се
Лигата за борба против ракот донесе декларација во која бара да се обезбедат услови за таква зрачна терапија до 2020 година. Тоа многу ќе го подобри лекувањето на болните зашто ќе има поголема достапност за таа метода