Обвинувања за фашизам, проневери, стил на облекување... Се` и сешто на расправата за „Скопје 2014“, но не и одговор колку чини проектот.
Стадионска атмосфера на собраниската расправа за проектот Скопје 2014. Надвикување, навивање, опозиција облечена во жолти маички, реплики, контрареплики и процедурални забелешки, проследени го гласно одобрување и аплаузи или негодување, во зависност од „таборот“.
Хитлер, кловнови, шешељовска реторика, изградба на идентитет и што ли уште не? Спортски сали, болници, А1 телевизија, туризам, инфраструктура, Злетовица... Се чини дека се расправаше за се, покрај за тоа што беше точка на дневниот ред.
Пратеникот Андреј Петров од СДСМ обвини дека Скопје 2014 потсеќа на хитлеровиот план за Берлин.
„Берлин треба да биде компариран само со стариот Египет, Вавилон и стариот Рим. Што е Лондон, што е Париз во споредба со тоа?! Треба да биде со мермерна архитектура. Ова се зборовите на Адолф Хитлер.“
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одговора на прашањето колку чини Скопје 2014.
„Проектот Скопје 2014 чини толку пари колку што украдовте од ТАТ. Исто толку пари.“
Димовски мафта со фотографии од изградените објекти во Македонија.
„Во време на ВМРО-ДПМНЕ се гради, во време на СДСМ се кради.“
Јани Макрадули од СДСМ не остана покус. И тој мафта со фотографија од неделниот протест на СДСМ.
„Ова е одговорот на граѓаните на она што вие мислите дека се гради.“
Пратеничката Наташа Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ се прашува зошто пратениците од СДСМ се против изградба на споменици.
„Ние треба да изградиме еден еденствен споменик. Тоа е споменикот на ’Октоподот‘ и да го поставиме во центарот на градот Скопје. Е тогаш верувам ќе ви се смират страстите.“
Спикерот Трајко Вељаноски немоќен.
„Ве молам, во салата има два навивачки табора.“
Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со Скопје 2014 се гради идентитетот.
„Ние првпат градиме македонски идентитет. Ние првпат градиме одбележје на македонската држава. Ние првпат ги поставуваме симболите што треба да не обележат како држава.“
Реплицира Макрадули:
„Како тргнавте г-дине Николовски, вие ќе си го присвоите и создавањето на македонската држава.“
Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ со забелешка за гардеробата на пратениците од опозицијата.
„Мислите дека облековте жолти маички овдека и како кловнови ќе прошетате. Ќе викате „Уаа“. Користите финти на шешељовите пратеници, кога го бранеа Шешељ да излезе од Хаг.“
Макрадули со модно прашање до министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
„И дали, еве тоа немора да го одговорите, комбинацијата што ја носите е барок.“
„Тоа си е мој сопствен стил и нема потреба вие како машко да коментирате“, возврати таа.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска го бранеше и проектот и процедурата по каја се донесе.
„И нашата желба, љубов кон нашиот главен град ја реализиравме согласно сите важечки закони и прописи.“
И покрај целодневните навреди меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, повторно остана непознато колку чини проектот Скопје 2014. Според опозицијата, досега се потрошени меѓу 150 и 300 милиони евра, а целот проект може да достигне и половина милијарда.
Берлин треба да биде компариран само со стариот Египет, Вавилон и стариот Рим. Што е Лондон, што е Париз во споредба со тоа?! Треба да биде со мермерна архитектура. Ова се зборовите на Адолф Хитлер.
Хитлер, кловнови, шешељовска реторика, изградба на идентитет и што ли уште не? Спортски сали, болници, А1 телевизија, туризам, инфраструктура, Злетовица... Се чини дека се расправаше за се, покрај за тоа што беше точка на дневниот ред.
Пратеникот Андреј Петров од СДСМ обвини дека Скопје 2014 потсеќа на хитлеровиот план за Берлин.
„Берлин треба да биде компариран само со стариот Египет, Вавилон и стариот Рим. Што е Лондон, што е Париз во споредба со тоа?! Треба да биде со мермерна архитектура. Ова се зборовите на Адолф Хитлер.“
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одговора на прашањето колку чини Скопје 2014.
„Проектот Скопје 2014 чини толку пари колку што украдовте од ТАТ. Исто толку пари.“
Димовски мафта со фотографии од изградените објекти во Македонија.
„Во време на ВМРО-ДПМНЕ се гради, во време на СДСМ се кради.“
(АПЛАУЗ)
Јани Макрадули од СДСМ не остана покус. И тој мафта со фотографија од неделниот протест на СДСМ.
„Ова е одговорот на граѓаните на она што вие мислите дека се гради.“
(АПЛАУЗ)
Пратеничката Наташа Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ се прашува зошто пратениците од СДСМ се против изградба на споменици.
„Ние треба да изградиме еден еденствен споменик. Тоа е споменикот на ’Октоподот‘ и да го поставиме во центарот на градот Скопје. Е тогаш верувам ќе ви се смират страстите.“
(ИЗВИЦИ)
Спикерот Трајко Вељаноски немоќен.
„Ве молам, во салата има два навивачки табора.“
Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со Скопје 2014 се гради идентитетот.
„Ние првпат градиме македонски идентитет. Ние првпат градиме одбележје на македонската држава. Ние првпат ги поставуваме симболите што треба да не обележат како држава.“
Реплицира Макрадули:
„Како тргнавте г-дине Николовски, вие ќе си го присвоите и создавањето на македонската држава.“
Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ со забелешка за гардеробата на пратениците од опозицијата.
„Мислите дека облековте жолти маички овдека и како кловнови ќе прошетате. Ќе викате „Уаа“. Користите финти на шешељовите пратеници, кога го бранеа Шешељ да излезе од Хаг.“
Макрадули со модно прашање до министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
И нашата желба, љубов кон нашиот главен град ја реализиравме согласно сите важечки закони и прописи.