Апсењето на Џулиајан Асанж е напад врз слободните медиуми и таквиот потег нема да ја спречи интернат страницата Викиликс да продолжи да објавува тајни документи. Ова го изјави потпаролот на Викиликс Кристин Храфнсон за новинската агенција Асошиетед Прес. Претходно Асанж се закани дека доколку биде уапсен тогаш на интернет ќе бидат објавени кодирани документи за нападите во Авганситан, за затворот „Гванатанамо“ и за „Бритиш Петролеум“.