Пратениците за ,,Скопје 2014"

Дел од градбите од проектот ,,Скопје 2014"

Проектот Скопје 2014 на собраниска седница. Очекувано, опозицијата со жестоки критики, а власта во одбрана на проектот.
Опозицијата го искористи деловничкото право, на секоја втора собраниска седница да предлага точка на дневен ред - предложена е расправа токму за проектот Скопје 2014.
Пратеникот Андреј Петров од опозицискиот СДСМ жестоко го критикува
Меѓутоа и целиот тој проект кој во својот концепт многу наликува на она што во времето на нацистичка Германија се правело, е нешто што треба длабоко да ги загрижи македонските граѓани затоа што станува збор за концепт за тотално менување на изгледот на главниот град
проектот. Во прв план ќе се осврнеме на трошењето на повеќе од 200 милиони евра од буџетот на целосно нетранспарентен начин, вели тој.

,,Меѓутоа и целиот тој проект кој во својот концепт многу наликува на она што во времето на нацистичка Германија се правело, е нешто што треба длабоко да ги загрижи македонските граѓани затоа што станува збор за концепт за тотално менување на изгледот на главниот град."

Обид да се девалвира нешто што се гради, вели пратеникот Зоран Петрески од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Се што прави СДСМ е неаргументирано да го напаѓа тоа што го прави власта на секое поле, вели тој.
И денеска на оваа расправа очекуваме јалови дискусии, празни споредби, кои што апсолутно немаат здрава логика да истапуваат, да навредуваат и омаловажуваат. Инаку аргументите се апсолутно на наша страна


,,Така што и денеска на оваа расправа очекуваме јалови дискусии, празни споредби, кои што апсолутно немаат здрава логика да истапуваат, да навредуваат и омаловажуваат. Инаку аргументите се апсолутно на наша страна."

Лавовите на мостот ,,Гоце Делчев"
Петрески вели дека СДСМ сака да наметне впечаток дека владата само гради споменици, што е далеку од вистината – се вложува во здравство, во образование, во земјоделство и во секоја друга област.
Проектот Скопје 2014 го следат низа контроверзии уште од самиот почеток. Планот за изградба на црква на скопскиот плоштад ги разбранува духовите на меѓуетнички план. Неколку невладини организации на Албанците побараа изградба и на џамија на плоштадот.
Коалициониот партнер ДУИ, пак, бараше, меѓу предвидените споменици на централниот плоштад, да има и истакнати личности од албанската историја.
Пратеникот Тахир Хани од ДУИ вината за „пропустите“ ја префрла кај опозициската ДПА и посочува дека ДУИ сега е задоволна. Вели ние бевме затечени со проектот, зашто тој е почнат во време кога коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ беше ДПА, а ние дадовме сугестии да се подобри. Во центарот на Скопје ќе бидат поставени споменици на истакнатите личности од албанската историја – Јосиф Багери, Неџат Аголи и Пјетр Богдани, вели тој.

,,Овие три споменици се договорени и општина Центар ќе преземе како понатаму со идејниот проект, со главниот проект и поставување на овие споменици во центарот на Скопје. Сакаме да бидеме кооперативни, би сакале да ја отсликаме реалноста за овој проект."

Проектот Скопје 2014 во изминатата година стана една од главните политички теми. Се оспорува естетиката на предвидените градби во центарот на Скопје, нивната цена, но и политичките последици што ќе предизвика.
Дел од јавноста стравува дека предвидената изградба на споменикот на Александар Македонски ја провоцира Атина, влијае на спорот за името со Грција, а со тоа и на евроинтеграциите.
Пред година и половина, толпа граѓани ги нападнаа студентите и невладините организации што на плоштадот сакаа да протестираат против изградба на верски објект. Полицијата не ги заштити луѓето што дојдоа на најавениот протест против изградба на верски објект на плоштадот, а потоа, и покрај тоа што го извлекоа подебелиот крај, им поднесе прекршочни пријави за „карање, викање и непристојно однесување“. Тепањето на студентите беше нотирано и во извештајот за состојбата со човековите права Македонија на Амнести Интернејшнал.