Влезе ли политиката во највисоките општински признанија што Охрид ги доделува за 8-ми декември-празникот Свети Климент Охридски, патрон на градот?
Откако лани наградите не се доделија, а некои од наградените најавија дека правдата ќе ја барале преку суд, и годинашното празнување не минува без бранувања во јавноста. Националната установа "Охридско Лето", што е наградена за петдецениската културна афирмација на Охрид во светот, одби Свети Климентовата награда да ја прими заедно со другите наградени здружението на граѓани "Богојавление" и Велија Рамковски од "Фондацијата Рамковски". Фестивалската управа се обиде да ја тргне на страна политиката, која постојано стои како ривалство меѓу централната власт на ВМРО ДПМНЕ и локалната од СДСМ, и ескалира при секој свечен повод на летото.
,,Фестивалот требаше да биде единствен добитник на оваа награда. Нема потреба да кажам од кои причини, едноставно тоа го заслужува поради големиот јубилеј 50 години и се друго што има направено за градот, за Републиката и за пошироката јавност. Значи наградата нема да ја примиме во пакет, воопшто нема да ја примиме наградата."
Вели Васил Зороски, в.д. директор на Охридско Лето. Градоначалникот на Охрид пак кој не ја носи одлуката за наградите, што е на градските советници, смета дека политика не е во комисијата за доделување награди туку во фестивалот кој според него се води од политичките интереси на партијата на власт, што раководи со него.
,,Валкана политика се случува, и затоа сметам дека со тоа го навредуваат Охрид, ги вреѓаат сите Охриѓани и затоа мислам дека единствено тие не ја заслужија оваа награда, од која сега се откажуваат и не сакаат да ја примат. Но, сметам дека 50 години Охридско Лето е многу поголема работа во споредба со овие лични политички работи. Од тие причини, мислам дека требаше сето тоа да се надмине."
Вели Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој смета дека Рамковски најмногу ја заслужил наградата со афирмацијата на Охрид во светот преку неговата А1 телевизија, каде постојано одат спотови со Охрид, со поддршката на неговата фондација на речиси сите културни, туристички и спортски манифестации и со изградба на мостот на желбите, низ кој од стариот дел на Охрид до населбата Канео, до сега поминале 200 илјади домашни и странски посетители. Здружението "Богојавление", наградата ја доби за организација на прославата за верскиот празник "Водици" што од црковно-народната манифестацијата прерасна во туристичка атракција.
,,Оваа година и наредните ќе се потрудиме да го направиме овој празник уште повеличествен, уште повеќе гости да ни доаѓаат и да го презентираме Охрид во убаво светло како добри домаќини и Христијани. Се надевам дека и идните генерации ќе ја наследат оваа традиција што ние ја почнавме пред девет години."
Вели Митко Пендов "Богојавление". Реакциите околу наградите во јавноста отворија дебата за промена на начинот на нивниот избор во иднина преку независно тело, во кое би имало авторитетни и докажани Охриѓани. 8-ми декември-Свети Климент Охридски, што е и државен празник, Охрид го слави три дена со изложби, промоции на книги, приредби и свечена академија за патронот во среда, на која со наградите ќе бидат доделени и повелбите на градот, на младата поетеса Христина Аслимоска и постхумно на новинарот Никола Манески.
Фестивалот требаше да биде единствен добитник на оваа награда. Нема потреба да кажам од кои причини, едноставно тоа го заслужува поради големиот јубилеј 50 години
,,Фестивалот требаше да биде единствен добитник на оваа награда. Нема потреба да кажам од кои причини, едноставно тоа го заслужува поради големиот јубилеј 50 години и се друго што има направено за градот, за Републиката и за пошироката јавност. Значи наградата нема да ја примиме во пакет, воопшто нема да ја примиме наградата."
Вели Васил Зороски, в.д. директор на Охридско Лето. Градоначалникот на Охрид пак кој не ја носи одлуката за наградите, што е на градските советници, смета дека политика не е во комисијата за доделување награди туку во фестивалот кој според него се води од политичките интереси на партијата на власт, што раководи со него.
Сметам дека 50 години Охридско Лето е многу поголема работа во споредба со овие лични политички работи. Од тие причини, мислам дека требаше сето тоа да се надмине