Кога ќе има предлог за името, референдум, изјави Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски, во интервју за српската радио-телевизија Б 92, изјави дека во Македонија ќе биде распишан референдум кога ќе има предлог за ново име на државата. Во врска со предлогот на српскиот претседател Борис Тадиќ да посредува во преговорите меѓу Македонија и Грција, Груевски истакнал дека секоја помош е добредојдена.