Пратениците ќе се изјаснат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, и двата по скратена постапка.. Со првиот закон се предлага трансформирање на Министерството за информатичко општество во Министерство за информатичко општество и администрација, како орган на државната управа кој ќе одговара пред Владата и пред Собранието за веќе утврдените надлежности и ќе ја има и надлежноста од областа на јавната администрација. Според опозицијата, со законот ќе се „истераат“ сите компетентни луѓе од јавната администрација и ќе се создаде хаос.