На хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој престојува во посета на Република Српска, денеска во Бања Лука ќе му биде врачена награда за личност на годината која ја доделуваат медиумите. На церемонијата е најавено и присуство на претседателите на Србија и на Црна Гора Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, а ќе присуствуваат највисоки претставници на Република Српска и странски дипломати во БИХ.