Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени две лица по кои е распишана меѓународна потерница и приведен е полицаецот што им помогнал илегално да влезат од Косово во Македонија. Едниот од преведените се бара за убиство на момчињата во интернет кафе во „ Чаирчанка“ пред 4 години, а другиот за грабеж на поштенско возило и напад врз безбедносните единици „алфи“ во близина на Природно математичкиот факултет минатата година.