Контингентот на АРМ кој беше дел од наменските сили „ФЕНИКС“ во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан денеска ќе биде свечено дочекан во скопската касарна Илинден.
Во мисијата „ФЕНИКС“ во Авганистан беа распоредени 79 припадници од полкот за специјални операции и баталјонот на Воена Полиција. Тие ги извршуваа задачите заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт и американската армија.
Според најавите, на свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски и американскиот амбасадор Филип Рикер.