Од мисијата ИСАФ соопштија дека денеска еден војник е убиен при вооружен бунтовнички напад во источен Авганистан.Во соопштението на ИСАФ не е наведена националноста на загинатиот војник.Поголемиот дел од војниците што се стационирани во тој дел на земјата се од САД. Во меѓувреме, авганистанскиот претседател Хамид Казраи нареди да се спроведе истрага за вчерашните убиства на 6 припадници на НАТО за време на воената вежба во источната провинција Нангархар.