Граѓаните недоволно ја користат институцијата Правен застапник при Министерството за труд и социјална политика, за пријавување на случаи на дискриминација како во јавниот така и во приватниот сектор.
Оваа година се пријавени само 20-ина случаи. Заради оваа состојба Министерството за труд и социјална политика започна кампања за подигање на свеста на граѓаните за препознавање и пријавување на дискриминацијата. На кампањата која се одржа во Дебар, а ќе се одржи во уште 14 други градови во нашава држава, е говорено за улогата на Правниот застапник во согласност со Законот за заштита од дискриминација под мотото ,,Еднакви можности – не дискриминирај":
,,За жал можам да констатирам дека граѓаните недоволно ја користат оваа институција. Причината можеби е неинформираноста, но можеби и стравот од поднесување на ваква иницијатива со цел потоа да небидат виктимизирани од страна на работодавецот или друго лице од кое биле дискриминирани. Така бројот на преставките кои се поднесени е недоволен и е на ниско ниво, какокај мене како Правен застапник така и кај Правобранителот. Заради таа состојба е и оваа кампања со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните, заради што се промовира Правниот застапник и да ја зајакнеме довербата кон државните институции."
Истакна Ленче Коцевска, правен застапник во Министерството за труд и социјална политика на Македонија. Таа најави и соработка со локалните комисии за еднакви можности во општините, со цел да се подобри контактот на правниот заспаник со граѓаните врз кои се врши дискриминација.
,,Од причина што седиштето на правниот застапник е во Скопје, а со цел да им биде олеснето на граѓаните послесно да комуницираат со правниот застапник, сакаме да ја активираме локалната институција, а тоа се општинските комисии за еднакви можности, да имаат ингеренции да примаат претставки и да даваат совети на граѓаните, каде можат да се обратат, односно да им помогнат во покренувањето на тие иницијативи на дискриминираните лица, или пак да се помогне во однос на добивање на информации за контакт со застапникот во Скопје."
Општинската комисија за еднакви можности во Дебар со задоволство ја прифати најавата оние кои се дискриминирани случаите да можат да ги пријавуваат и на локално ниво во наведените комисии кои се тела на Советот на локалната самоуправа.
,,И ние како комисија оценуваме дека добро е што се вклучуваме и ќе соработуваме во пријавувањето на случаите на дискриминација."
вели претседателката на локалната комисија во Дебар Лумтурие Џафа. Кампањата за подобро запознавање на улогата на Правниот застапник во Дебар побуди голем интерес, а во дебатата во која учествуваа претставниците на локалната власт, невладиниот сектор и други претставници на локални институции беше нагласена потребата од поголема кампања и преку медиумите.
,,За жал можам да констатирам дека граѓаните недоволно ја користат оваа институција. Причината можеби е неинформираноста, но можеби и стравот од поднесување на ваква иницијатива со цел потоа да небидат виктимизирани од страна на работодавецот или друго лице од кое биле дискриминирани. Така бројот на преставките кои се поднесени е недоволен и е на ниско ниво, како
Така бројот на преставките кои се поднесени е недоволен и е на ниско ниво, како кај мене како Правен застапник така и кај Правобранителот. Заради таа состојба е и оваа кампања со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните, заради што се промовира Правниот застапник и да ја зајакнеме довербата кон државните институции