По пауза од девет години, во Универзална сала во Скопје, ќе настапи легендарната хрватска пејачка Јосипа Лисац, една од најзначајните во светот на поп и рок музиката од регионов во изминатите четири децении.
Непоправлива идеалистка. Храбра визионерка и двигателка. Конечно оригинална и своја. Ете тоа е Јосипа Лисац, хрватската поп-рок-етно-фанк-џез пејачка и уникатна појава на некогашната југословенска и денес балканска музичка сцена. И, тоа така повеќе од четири децении. Родена во Загреб 1950 година, како извонредно талентирана израснала на класичното музичко образование и пеејќи во детскиот хор во родниот град. Многу брзо покажува интерес за рок музиката, па така најнајпред ќе стане вокалистка на групата О-ХАРА, а потем и на ЗЛАТНИ АКОРДИ. Со својата интригантна појава ќе ја возбуди публиката на првиот фестивал на забавна музика на кој ќе учествува Опатискиот, за да вистинската победа уследи по нејзината креативна средба со популарниот пејач, композитор и продуцент Карло Метикош, алиас Мет Колинс, со кого во 1973 година ќе го потпишат концептуалниот Дневник једне љубави, еден од најзначајните албуми воопшто на некогаш потентната југословенска рок сцена. Остварување кое и ден денес претставува чиста класика во доменот на популарната музика и кое се продава со истата динамика како некогаш.
Со својата голема љубов, со својот животен сопатник Метикош, се до неговата ненадејна смрт во 1991 година ќе објават уште 13 плочи, Јосипа ќе ја одигра и улогата на Јана во првата хрватска рок опера Губец бег, во 1976 година ќе сними џез албум со вибрафонистот Бошко Петровиќ и неговата интернационална екипа во која биле великаните Ерни Вилкинс, Кларк Тери и Џони Басо, неколку години ќе помине во САД успешно настапувајќи со мнозина познати музичари, ќе сними и два филма со славниот глумец Ричард Чембрлен и ќе учествува во неколку театарски проекти.
Без својата силна потпора во животот, во времето на крвавото распарчување на некогашната заедничка држава, таа ќе започне серија концерти посветени на својот Карло на кои ќе земат учество најзначајните загребски и воопшто хрватски музичари, а својата успешна пловидба низ различните стилови како поп, класика, етно, џез, та дури и електроника, ќе ја продолжи и во новиот милениум упорно и постојано потенцирајќи дека се ужаснува од просечноста, обичноста и неквалитетот.
Со една таква Јосипа Лисац, по пауза од цели девет години, ќе се сретнеме повторно во Универзална сала во Скопје. Организатори на концертот се Авалон продукција.
На овој настап на хрватската дива како ќе се појави нашиот тапанар Гарабет Тавитјан на чиј албум Македонското срце чука во 7/8 Јосипа ја отпеа народната Калино моме.