Во близина на Прилеп, во атарот на селото Алинци ќе се гради слободна бесцаринска зона, наменета исклучиво за извозни фирми. Ќе ја подели ли судбината на останатите?
Техничкиот проект е готов, усвоен и од Министерството за транспорт и врски и од Владата. Но, за изградба на инфраструктурата потребни се 7 до 8 милиони евра, кои треба да бидат обезбедени од државниот буџет. Финансиите, интересот на инвеститорите и членството во НАТО се услови оваа бесцаринска зона во Прилеп, да проработи, оценуваат од Регионалната стопанска комора.
,,Членството во НАТО е најбитно за бизнис секторот и за странските инвеститори, со тоа значи безбедноста ни е обезбедена и нас, а и на инвеститорите и на нивниот капитал."
вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора. Тој е категоричен дека се додека Македонија не стане членка на НАТО, странски инвестиции ќе нема, а зоната ќе остане повеќе како виртуелен проект.
,,Немаат сигурност за својот капитал што ќе го инвестираат, оти знаете секакви приказни се слушаат."
Од друга страна од комората тврдат дека интерес за инвестирање покажуваат грчки компании.
,,Има заинтересирани, поготово странски компании кои треба тука да изградат свои капацитети, да произведуваат производи намети за извоз, има доста интерес од грчки фирми, поготово преработувачи на неметали, на камен и слично."
А, условите за инвестирање се поволни, со таа разлика што државното земјиште наместо да се продава, ќе се издава под закуп.
,,Ќе се користи под закуп на 99 години, со цена сега засега од 0,1 евро по м2 и има 37 парцели од 1 до 4 хектари. Вкупната површина на зоната е 67,5 хектари, со можност да се прошири уште за 37,5 хектари кое што земјиште не е трансформирано, дел е државно, дел во приватна сопственост."
Вели Најдоски. Тој потенцира и дека домашните инвеститори бараат исти бенефиции како и странските компании.
Но, иако техничкиот проект за оваа зона е готов, останува отворено прашањето дали воопшто и кога ќе профункционира, зашто средствата кои ќе бидат наменети следната година од државниот буџет за изградба на инфраструктура во слободните зони, ќе бидат имплементирани во зависност од сериозноста на потенцијалните инвеститори.
Инаку, и покрај големиот маркетинг и најави за влез на странски инвестиции, во државава нема видливи ефекти од ниту една слободна зона.
Управниот одбор на Регионалната стопанска комора од Прилеп бара од Владата да се реализираат и други два проекта кои се од стратешки интерес за стопански развој на регионот:изградба на автопатот Велес-Прилеп-Битола кон Охрид и Струга и хидроцентралата Чебрен.
Членството во НАТО е најбитно за бизнис секторот и за странските инвеститори, со тоа значи безбедноста ни е обезбедена и нас, а и на инвеститорите и на нивниот капитал
,,Членството во НАТО е најбитно за бизнис секторот и за странските инвеститори, со тоа значи безбедноста ни е обезбедена и нас, а и на инвеститорите и на нивниот капитал."
вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора. Тој е категоричен дека се додека Македонија не стане членка на НАТО, странски инвестиции ќе нема, а зоната ќе остане повеќе како виртуелен проект.
,,Немаат сигурност за својот капитал што ќе го инвестираат, оти знаете секакви приказни се слушаат."
Немаат сигурност за својот капитал што ќе го инвестираат, оти знаете секакви приказни се слушаат