Лицата со хендикеп најавија протест во петок во Скопје

Лицата со хендикеп во Македонија најавуваат протест во петок на Светскиот ден за лица со инвалидност при што ќе побарат Владата да им го исполни ветеното. Тие се жалат на негрижата на државата за нивната состојба, доцнењето на исплатата на паричната помош и барат да им се исполни ветувањето за вработување во државната админстрација. Организатор на протестот е невладината организација „Светот на дланка“. Во Македонија се регистрирани 2500 слепи луѓе, а 26 илјади се заведени како лица со инвалидност.