Полицијата се повлече изутрината откако се земени сите потребни материјали од страна на инспекторите од Управата за јавни приходи и финансиската полиција, кои би можеле да укажат на евентуален направен криминал од фирмите регистрирани на адреса „Перо Наков“ б.б., а кои не се поврзани со работењето на А1 телевизија.
„За време на повлекуањето на полицијата воопшто не е регистриран никаков инцидент. Во однос на изјавите дека наводно бил нападнат уредникот Младен Чадиковски би сакале да веруваме дека не станува збор за уште една манипулација. Досега нема ниту една поплака или жалба до Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди при МВР, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
Приватната телевизија А1 синоќа објави дека полицијата извршила упад во телевизијата и го спречила движењето на новинарите.