Злоупотреба на лустрацијата

Комисијата за лустрација

Секој почна да си прави своја лустрација и да го злоупотребува законот, сметаат експертите. Проблемот е во ниската свест на институциите и на партиите.
Последните случувања во процесот на лустрација покажуваат дека законот не се спроведува според пропишаните правила, што според експертите создава лоша слика во јавноста. Полицијата пред два дена го приведе поранешниот разузнавач Хисен Муслиу поради вмешаност во фалсификувањето на досиеја на челниците на ДУИ. На Муслиу му е
Во јавноста да се оди со соопштение само од Комисијата, а не кому ќе му падне на памет, да објавува секакви работи за секого, непроверени, итн.
одредена мерка притвор од осум дена во затворот во Шуто Оризари. Предлагачот на законот Стојан Андов вели дека проблемот е во ниската свест на институциите, кои не ги обезбедиле потребните услови за спроведување на законот и затоа секој си зема за право да го злоупотребува.

„Во јавноста да се оди со соопштение само од Комисијата, а не кому ќе му падне на памет, да објавува секакви работи за секого, непроверени, итн. Се дефокусира вниманието на јавноста, се внесува една забуна дека не одат работите според законот, туку дека секој си прави своја лустрација итн.“

Маргарита Цаца Николовска

Поранешната судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска смета дека се создала една правна несигрност, конфузија и збунетост, најмногу поради препукувањата околу документите не само кај граѓаните, туку и кај луѓето кои можат да бидат засеганти од процесот на лустрација.

„Дали се тие валидни документи или не се, дали постои можност да се добиваат дополнителни документи, кој е карактерот на тие документи, како се доаѓа до нив итн.“
Тоа се случи затоа што целиот процес се обидуваа да го импровизираат, а не темелно да го довршат, и мислам дека тука е суштинскиот проблем бидејќи немаше искрен пристап од владата, од владеачките
структури.


Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, овој процес не се изменаџирал како што треба и веќе има последици и во јавноста и врз инволвираните личности.

„Тоа се случи затоа што целиот процес се обидуваа да го импровизираат, а не темелно да го довршат и мислам дека тука е суштинскиот проблем бидејќи немаше искрен пристап од владата, од владеачките структури, затоа што тие се поповикани да го изменаџираат целиот процес и тие импровизации после беа искористени и од опозиционите партии.“

Николовска вели дека потребно е во иднина да се постапува според законската регулатива и принципите на владеење на правото.

„Да не се оди во едно арбитрарно толкување на законите, да не се оди во една состоја каде што се покажува дека многу работи можат да се случат, надвор од системот.“