Прво цитостатици, а сега инсулин... Неколку здруженија на пациенти укажуваат на недостакот од лекови.
Има лекови кои не се ставени на позитивната листа, во неколку градови пациенти се засегнати од недостатокот на исулин, а пред неколку месеци за болните од рак немаше цитостатици во Битола. Ова се некои од проблемите на кои укажуваат 10-тина здруженија на пациенти на денешната средба во Фондот за здравство на која нивни претставници бараат да има и нови лекови. Спиро Мицовски е од здружението на бубрежно болни, оваа категорија пациенти има речиси редовни потешкотии со дијализерите како и со растворите кои според нивните искуства им предизвикуваат таложње на калциум во организмот:
,,Во моментов потребни се најмалку 100 нови апарати за дијализа и да се набави неопходниот лек за оваа категорија пациенти за да не создава таложење на калциумот и изборот на дијализери да биде што поквалитетен."
Проблеми имат и пациентите со инсулин. Количините за овој лек што ги нарача минстерството за здравство нема да бидат доволни за следната година на Клиниката во Скопје, а камоли во внатрешноста, предупредуваатендокринолозите. Др Снежана Захариева од општата болница во Куманово напоменува дека бројот на корисници секоја година е поголем. Им се дава по половна доза на пациентите и тоа создава несигурност кај нив, вели доктор Захариева:
,,Ако треба да кажеме пет инсулински пенкала, буквално на пола се даваше за да има за сите. Некој ќе купи, ама тие што не се платежно моќни ќе дојдат во болница со комплицирана состојба, ќе ги хоспитализираат и после одново се ,,врти во круг" што не смее да се дозволи."
Таа додава дека како редовен останува и баналниот проблем со недостаток на завои и хируршки конци:
,,Завоен материјал и слично може банално звучи меѓутоа се троши повеќе затоа што не е квалитетно. Се оди на она што е најевтино мислејќи дека така ќе се заштеди."
Од ресорното министерство демантираат дека има криза на инсулин, а наводите и оценија како тенденциозни. Без да кажат дали нарачните количини инсулин се помали од потребните велат дека секоја инсулинска апетка ја има терапијата но дека ако има недостаток Министерството за здравство повторно ќе објави тендер. Во Фондот во однос проблемот на недостаток од лекови велат дека улогата на Фондот е да им обезбеди пари на болниците кои пак самите имаат одговорност во планирањето. Индикативен беше податокот дека Државниот ревизор неодамна констатираше дека министерството плаќало инсулин по разлчна цена и далеку повисока од реалната.
Во моментов потребни се најмалку 100 нови апарати за дијализа и да се набави неопходниот лек за оваа категорија пациенти
,,Во моментов потребни се најмалку 100 нови апарати за дијализа и да се набави неопходниот лек за оваа категорија пациенти за да не создава таложење на калциумот и изборот на дијализери да биде што поквалитетен."
Проблеми имат и пациентите со инсулин. Количините за овој лек што ги нарача минстерството за здравство нема да бидат доволни за следната година на Клиниката во Скопје, а камоли во внатрешноста, предупредуваат
Ако треба да кажеме пет инсулински пенкала, буквално на пола се даваше за да има за сите. Некој ќе купи, ама тие што не се платежно моќни ќе дојдат во болница со комплицирана состојба