Скопјани ,,мака мачат" со нередовниот градски превоз. Никој не ја сфаќа логиката да се чека ,,со саати", а веднаш по тоа да дојдат два авбтобуси со ист број.
Еве една за многумина позната слика, посебно за оние од Вас кои живеат во предградието на Скопје. Чекате автобус половина час. Во духот на доцната есен, Ви заврнува и нема каде да се засолните поради тоа што некои „таленти“ ја искршиле стреата над постојката. По повеќе од половина саат доаѓа возило на четири тркала кое на некои им наликува како транспортен шлепер од пред Втората светска војна а внатре нема место ни да се влезе а камоли да се седне. Доаѓате дома, утоп мокар и го гледате Министерот за транспорт и врски како во Кина се слика покрај двоспратен автобус во барок стил. Па од тука, има и основа за прашањето: дали во блиска иднина по половина час ќе се чекате за да се качите во двоспратен автобус? Не верувате дека оваа репортажна импресија е вистинита? Тогаш еве што му се слулува на наш сограѓанин кој се чини седмица чека на погрешно место:
,,7-та" од поретко, а после доаѓаат две одеднаш, што нечини. Сабајле чекав две седмици ми избегаа и после чекав 20 минути."
Дел од скопјани, пак се возат во релативно нови автобуси кои доаѓаат на секои пет минути. Поточно, во таа привилегија најмногу уживаат граѓаните кои живеат накај населбата Аеродром. Еве и доказ за тоа:
,,Приватниот превоз, 23 е многу честа, а во замена за 23, користам 3 на градски превоз, така што немам проблем."
Новите автобуси се потребни, се согласува екс-министерот за транспорт и врски Џемал Мехази. Но, за автобускиот превоз да стане не само модернизиран туку и ефикасен, посебно навремен, потребно е јавно-приватно партнерство, препорачува Мехази
,,Да се остава простор и за влез на приватниот капитал или можеби уште подобро би било некој вид на јавно-приватно партнерство."
Зошто тоа партнерство не е постигнато? На ова прашање одговара првиот човек на „Слобода Превоз“ Лерин Јовановски чија компанија е најактивна со приватните ,,23-ки и 22-ки“
,,Ние како претпријатие имаме можности и сакаме да се вклучиме и на други линии меѓутоа веројатно во тоа се гледа некаква опасност за наш развој и проширување што би ја нарушило политиката на одредени луѓе."
Што се прави за сето ова во градот Скопје, надлежен за јавниот превоз? Формирана е комисија за јавен линиски превоз во главниот град во која членува и претставник на приватните превозници. Останува да се види какви ќе бидат ефектите.