Лидерите на НАТО, на самитот во Лисабон, ја утврдија излезната стратегија од Агвагнистан, според која, во 2014-та авганистанците треба да ја превземат целосната контролата во земјата. Планот го потпиша авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, заедно со генералните секретари на НАТО и на Обединетите Нации, Андерс Фог Расмусен и Бан Ки Мун. По состанокот, Расмусен изјави дека е покренат процес со кој авганистанскиот народ повторно ќе биде господар во својата земја и оти во 2014-та веќе ќе нема борбени странски трупи во таа земја. На дебатата за Авганистан учествуваше и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов кој истакна дека македонските војници ќе останат во Авганистан се додека е тоа потребно. Иванов изрази уверување дека наскоро ќе дојде до решение на спорот со Грција за името и оти Македонија ќе стане членка на НАТО. Потоа во Лисабон, лидерите на НАТО имаа средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, посветена на меѓусебна поблиска соработка. На отворањето на состанокот за Авганистан, генералниот секретар Андерс Фог Расмусен истакна дека борбата против тероризмот во АВганистан е од глобална важност и оти денеска е потврдено дека партнерството меѓу НАТО и Авганистан ќе биде долготрајно и по завршувањето на воената мисија.
“Доколку непријателите на Авганистан имаат план да почекаат додека да заминеме, грешат. Ќе останеме се додека не ја завршиме работата”.
Како рок за повлекување на НАТО силите од Авганистан е определана 2014-та година. Во Авганистан има околу 140 илјади странски војници, од кои 100 илјади американски.
Соработка НАТО - Русија
НАТО и Русија одлучија да соработуваат во изградба на антиракетен штит кој ќе ја штити Европа. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на прес конференција по средбата на лидерите на Алијансата со рускиот претседател Дмитри Медведев во Лисабон. Расмусен додаде дека и двете страни се согласија дека се соочуваат со многу безбедносни предизвици, но не претставуваат никаква закана едни на други.
„За прв пат во историјата НАТО и Русија ќе соработуваат во заедничка одбрана, Русија ќе знае без сомнеж дека системот нема да биде насочен против неа, нашите граѓани ќе делат зголемена безбедност. Тоа е без председан“ вели Расмусен.
Тој додаде дека сега е време НАТО и Русија да „ја модернизираат сооработката и да изградат вистинско партнертво“.
„Русија за прв пат ќе му дозволи на НАТО преку руската терирорија да ги снабдува со опрема трупите на Алијансата во Авганистан.“
Новиот концепт за наредните 10 години
Инаку, Лидерите на НАТО синоќа го усвоија новиот стратегиски концепт на Алијансата. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен оцени дека овој документ за наредните 10 години е нов акционен план со која НАТО ќе стане поефикасен од кога и да е порано.
“НАТО е заедница на слобода, мир, безбедност и заеднички вредности. Но светот се менува, а ние се соочуваме со нови закани, па со новиот концепт обезбедуваме НАТО и натаму да бид еефикасен во обраната на мирот и просперитетот”.
И во новиот концепт останува определбата за меѓусебна одбрана на земјите членки, но според Расмусен, се модернизираат начините на одбрана за да се одговори на новите закани. Визијата на американскиот претседател Барак Обама за свет без нуклеарно оружје е дел од новиот концепт на НАТО, но се додека тоа не биде остварено, нагласи Расмусен, НАТО останува нуклеарна сила. Расмусен истакна и дека НАТО останува со отворени врати за прием на нови членки.
Стратегискиот концепт ја остава можноста за членство во НАТО на европските демократии кои тоа го сакаат и ги исполнуваат нашите стандарди. Изминатите декади покажаа дека проширувањето на НАТО помогна за ширење на мирот, демократијата и просперитетот на континентот.
Американскиот претседател Барак Обама вчера соопшти и дека е договорен новиот анти-ракетен систем.
“Задоволство ми е да соопштам дека за прв пат се согласивме да развиеме против ракетна одбрана која ќе ги покрива и територијата на цела Европа и Соединетите Држави. Тоа ја покажува нашата определба да ги заштитиме граѓаните од заканите од балистички ракети”.