Општински проблеми?

Совет на општина Куманово

Опозиционите советници од ВМРО ДПМНЕ во Куманово со критики до локалната самоуправа за лошо работење, градоначалникот Зоран Дамјановски пак вели дека проблемот е во селективниот пристап на централната власт.
Додека советниците од опозициската коалиција на локално ниво во Куманово го критикуваат градоначалникот за лошо менаџирање годинава, градоначалникот Зоран Дамјановски пак смета дека централната власт води селективна политика кон оваа и кон општините во кои власта е од коалицијата на СДСМ.
Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека во најголемата локална самоуправа во државава:
Расходите за капиталните инвестиции е нешто со што градоначалникот најповеќе ги собираше гласовите на граѓаните, а тие сега се најминимални, со само 32% извршување. Значи ако планирале од 100%, а реализирале само 32 отсто значи имаат катастрофално лошо работење


„Во третиот квартал од годината имаме реализација од 52 отсто, а требаше да има барем 75. Значи граѓаните на Куманово ќе имаат многу мал бенефит од тоа и од досегашното работење на градоначалникот. Расходите за капиталните инвестиции е нешто со што градоначалникот најповеќе ги собираше гласовите на граѓаните, а тие сега се најминимални, со само 32% извршување. Значи ако планирале од 100%, а реализирале само 32 отсто значи имаат катастрофално лошо работење“.

Градоначалникот пак со свое објаснување:

„Оваа година реализација на квартален буџет имаме околу 60 посто, со што најголем дел се од капитални инвестиции кои се во тек и кои се во исплата во последните два месеца од годината. Оперативната програма ќе биде реализирана до 80 -85% во оваа тешка година каде имаме намалена приходна страна во даночниот дел каде беше најголемата стапка минатите години и нешто подобрување во градежно неизграденото земјиште, но не доволно од предвиденото. Се надевам дека со над 85% ќе го заокружиме циклусот, но во фондот за образованието и за локални патишта драстично се намалени тие ставки."

Николовски вели дека општинскиот буџет се полни, зависно од менаџерските способности на градоначалникот, а дека централната власт со дотациите не води селективна политика кон Куманово, туку ја помага како и останатите општини.
Значи она што беше предвидено со децентрализацијата не се почитува, а да не зборуваме за регионалниот рамномерен развој каде воопшто не функционира законот


„Дотациите од Владата се со 75% од сите министерства, а реализирани се 72%. Значи Владата не води селективна политика кон општината Куманово, туку ја помага како и останатите општини.“

Градоначалникот Дамјановски како потпретседател на ЗЕЛС вели:

„Ако продолжи овој тренд да се земаат пари од изворни надлежности на приходи да пополнуваме на диригирани надлежности од фискалната децентрализација образованието, целта на децентрализацијата се губи. Затоа е подобро државата да си го врати образованието назад да си го финансира отколку да ги зема парите од изворните надлежности на локалната самоуправа. Значи она што беше предвидено со децентрализацијата не се почитува, а да не зборуваме за регионалниот рамномерен развој каде воопшто не функционира законот. Сметам дека државата во новиот буџет треба да ги има предвид овие факти и да го планира буџетот заедно со локалните заедници, а не да го гледа само централниот буџет.“

На ова Николовски со одговор:

„Слободно градоначалникот нека предложи, а владата, институциите ќе донесат такви одлуки со кои образованието ќе чекори само напред.“

Дали тоа укажува дека процесот на децентрализацијата не се одвива според предвиденото?

„Апсолутно сметам дека процесот на децентрализацијата е запрен особено во областа на образованието, во областа на регионални патишта каде имаме минимална дотација, а тоа се парите од граѓаните за регистрирани возила. Во рамномерниот регионален развој каде основните сугестии на ЕУ се во финансирање на локалните самоуправи, тука апсолутно ништо не е мрднато последните три години.“

Вели градоначалникот Дамјановски.