Македонската влада генерално ја почитува верската слобода во практика, се наведува во најновиот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот. Сепак, во делот за Македонија, главните забелешки се однесуваат на спреченоста на некои религиозни групи да се регистрираат. Унапредувањето на верските слободи во светот, според државниот секретар Хилари Клинтон, е основен елемент на американската дипломатија.
Уставот и Законот од 2007 година за правната положба на црквите, верските заедници и религиозни групи обезбедуваат слобода на вероисповед во Македонија и придонесуваат за генерално слободното практикување на верата.
Ова се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот, во делот за Македонија.
Притоа се потенцира дека во април годинава, парламентот донесе нов закон за антидискриминација, што треба да стапи во сила од 1 јануари 2011 година за заштита од дискриминација врз основа на религиозни убедувања.
Сепак, како што се додава во извештајот во кој се потсетува дека во Македонија нема официјална државна религија, во текот на минатата и оваа година имало неколку извештаи на општествена дискриминација врз основа на верската определба.
Притоа се спомнуваат неколку случаи на неодобрена регистрација на верски групи, меѓу дугите и на црквата предводена од Јован Вранишковски, тензиите околу најавите за изградба на црква и џамија во центарот на Скопје, како и тензиите во Исламската верска заедница.
Во редовниот годишен извештај на Стејт департментот се идентификуваат проблемите или напредокот на верските слободи во 128 земји во светот.
Со извештајот, како што на неговото претставување, изјави државниот секретар Хилари Клинтон, Соединетите држави немаат намера да им судат на другите земји, туку да покажат дека американците се грижат за верската слобода како основно човеково право.
„Верската слобода е под закана од авторитарните режими кои ги злоупотребуваат своите граѓани. Таа е под закана од насилните екстремистички групи, но и од тивкото и постојано злоставување предизвикано од нетолеранцијата и недовербата.“
Клинтон посебно се осврна врз состојбите во Авганистан, Ирак, Пакистан, Русија и Кина. Таа исто така нотираше дека неколку европски земји вовеле груби рестрикции на верското изразување, но притоа не наведе ниту едно име.
„Овие прекршувања на верските слободи се вирус за она на што се одржуваат демократските општества. Со овој извештај, се надеваме дека ќе им овозможиме на владите, невладините организации и граѓаните од целиот свет да дојдат до вредни информации за статусот на верските слободи и заедно со нас поефикасно да работат во нивната заштита“, изјави Хилари Килнтон во Вашингтон на претставувањето на најновиот извештај за верските слободи во светот.

Верската слобода е под закана од авторитарните режими кои ги злоупотребуваат своите граѓани. Таа е под закана од насилните екстремистички групи, но и од тивкото и постојано злоставување предизвикано од нетолеранцијата и недовербата.