Неколку стотина новинари, синдикалци и граѓани денеска протестират во Пула во знак за борба за слободно новинарство во Хрватска и поддршка на новинарите од „гласот на Истра“ кои штајкуваат веќе една недела. Претседателот на синдикатот, Бруно Нилиќ, кој го организира протестот изјави дека во хрватските медиуми владее „ политичка олигархија која е платена од моќниците, односно тајкуни кои го ограбија народот и преку ПР агенции ги финансираат уредниците и аналитичарите.“ Еден од новинарите на протестот изјави дека во последниве 5 години во земјата , се одвива „терор врз новинарите“, затоа што, како што вели, новинарите ги тепаат, убиваат или живеат под полициска заштита.