Парите од ММФ за избори?

Зградата на Владата на РМ

Владиниот план за трошење 400 милиони евра кредит од ММФ, според економистите, е покривање на популистички трошоци и можна најава за нови избори.
Шефот на ММФ за Македонија Вес Мекгру во Скопје. Фондот нуди 400 милиони евра кредит. Дококу Македонија ги земе парите, тие ќе се користат за владината политика за капитални инвестиции, за буџетска поддршка, како и за отплата на долгот кон странство. Економистите не ја спорат потребата од кредит но начинот на трошењето за нив е непродуктивен односно покривање на популистички трошоци и најава за нови избори.

Експертите веќе препорачаа дека кредитот треба да се земе. Професорот Никола Поповски смета дека парите треба да се користат за продуктивни цели:
...сите овие одлуки мене ми изгледаат многу популистички. Гледам некоја најава на некои нови избори кои владата ги подготвува...

,,Меѓутоа ако кредитот се земе како што оваа влада има обичај да го претвори во потрошувачки што никаде не завршува, би бил штетен затоа што еден ден тој пак ќе треба да се врати и парите ќе се потрошат, а ништо не останува, како што и делува оваа влада."

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека овој потенцијален кредит нема развојна компонента:

,,Знам и од некои одлуки на владата дека се даваат за социјална помош за средношколци, и жалам што уште еднаш влегуваме во покривање на трошоци што владата ги прави непланирано и сите овие одлуки мене ми изгледаат многу популистички. Гледам некоја најава на некои нови избори кои владата ги подготвува"

Дали со покривањето на тековните расходи кои, меѓу другото, ги создава и гломазната администрација и со инвестирањето во проекти за социјална помош се купува социјален мир во земјава? Адеми одговара:

,,Па, веројатно да. Јас повеќе би сакал да видам некоја одлука каде што владата им дава некоја помош на пример за потикнување на претприемаштвото во Македонија, бидејќи не сите овие средношколци влегуваат во фаза на високо образование, некои се вработуваат."
...ако кредитот се земе како што оваа влада има обичај да го претвори во потрошувачки што никаде не завршува, би бил штетен ...


Министерот за финансии во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека парите би се користеле за сите буџетски потреби:

,,Вклучително и финансирање на инфраструктурни проекти, вклучително и исплата на обврските од претходни кредити, се што е потребно за одржување на ликвидноста на буџетот."

Министерот за финансии Зоран Ставрески со говернерот Петар Гошев и претставникот на ММФ Вес мекГру на прес во Скопје

Во јавноста се пласираа и информации дека парите од кредитот ќе се користат за финансирање на трговскиот дефицит во земјава. Ваквата намена, според консултираните економисти, е непродуктивна и погубна. Инаку ММФ на Македонија и понуди сосема нов инструмент за задолжување. Наместо класичен „стенд бај“ аранжман, од кои парите се влеваат во Народната банка и се воспоставува контрола на трошењето, Фондот овој пат понуди кредит кој би се влеал во Буџетот, без контрола на трошењето, во износ од 400 милиони евра.