Во Иран денеска се одбележува 31 годишнина од окупирањето на американската амбасада во Техеран. Илјадници ирачани протестираат пред поранешната американска амбасада извикувајќи антиамерикански слогани и носејќи слики со врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи. На денешен ден исламски студенти во Техеран ја окупираа амбасадата и 444 дена држеа како заложници 52 службеници, барајќи да им биде испорачан шахот Реза Пахлави, кој во тоа време се наоѓаше во болница во Каиро. Од тогаш Иран и САД немаат дипломатски односи.