Каратистот Жарко Арсовски освои бронза на Светското превенство во карате во Белград, со што воедно го постигна најголем успех во историјата на македонското карате.
Повеќегодишната доминација на домашната спортска сцена, македонското карате ја круниса со најголемиот успех во историјата на овој спорт кај нас. Минатата недела, на СП во Белград беше освоен првиот мундијалски медал. Со него се закити Жарко Арсовски, кој во категоријата над 84 килограми освои бронза. До овој историски успех членот на КК Макпетрол стигна по пет победи и само еден пораз од Египќанецот Мохамед, по продолжение и со судиско изјаснување. Извештаите говорат дека поразот бил незаслужен и малку недостигало за Арсовски да освои уште повредно одличје. Така мисли и тој самиот, но тоа не му го намалува големото задоволство од, според него, неочекуваниот успех.
,,Ова до сега е најдобар резултат за македонското карате. Посебно сум горд што тој најголем резултат го освоив јас, многу сум среќен. Морам да кажам дека никогаш не очекувам успех, но ете успеав да се изборам и да го освојам посакуваното трето место."
Изјави Арсовски. Со оваа бронза тој на најдобар начин ја заокружи импресивната година, во која стана Медитерански шампион, а пред тоа веќе беше и светски студентски првак. Овие резултати го промовираа и во најдобар македонски каратист во моментов, ласкаво признание кое, како што вели е резултат на макотрпната работа со тренерот Бошко Заборски и со неговиот брат Сашко. Интересно до саботата токму Сашко беше најуспешниот Македонец на Светските првенства, благодарение на петтото место од пред шест години во Мексико. Жарко на шега вели дека сега, пак, брат му е на потег, но и сериозно додава дека е убеден оти ова братско ривалство во иднина ќе им донесе поголеми успеси на двајцата.
,,Ние сме две личности, меѓутоа се бориме, размислуваме како еден. Сега јас го надминав, меѓутоа во иднинасигурно и тој ќе успее да направи голем резултат."
Рече Арсовски кој сега планира, пред се добро да се одмори од напорната сезона. Но, тој одмор нема да трае долго зашто досегашните успеси треба да се потврдат, па дури и да се надминат уште догодина, кога го очекува настап на:
,,Европското првенство, не очекуваат многу Универзитетски првенства, Златни лиги... Секоја година имаме многу турнири и можам да кажам дека успешно ќе настојувам и во иднина да ја претставувам својата земја."
Истакна на крајот Жарко Арсовски на кого мундијалската бронза му го донесе статусот спортист од светска категорија, за што во наредните 4 години ќе добива по околу 40.000 денари месечно државна стипендија.
Ова до сега е најдобар резултат за македонското карате. Посебно сум горд што тој најголем резултат го освоив јас, многу сум среќен. Морам да кажам дека никогаш не очекувам успех, но ете успеав да се изборам и да го освојам посакуваното трето место
,,Ова до сега е најдобар резултат за македонското карате. Посебно сум горд што тој најголем резултат го освоив јас, многу сум среќен. Морам да кажам дека никогаш не очекувам успех, но ете успеав да се изборам и да го освојам посакуваното трето место."
Изјави Арсовски. Со оваа бронза тој на најдобар начин ја заокружи импресивната година, во која стана Медитерански шампион, а пред тоа веќе беше и светски студентски првак. Овие резултати го промовираа и во најдобар македонски каратист во моментов, ласкаво признание кое, како што вели е резултат на макотрпната работа со тренерот Бошко Заборски и со неговиот брат Сашко. Интересно до саботата токму Сашко беше најуспешниот Македонец на Светските првенства, благодарение на петтото место од пред шест години во Мексико. Жарко на шега вели дека сега, пак, брат му е на потег, но и сериозно додава дека е убеден оти ова братско ривалство во иднина ќе им донесе поголеми успеси на двајцата.
,,Ние сме две личности, меѓутоа се бориме, размислуваме како еден. Сега јас го надминав, меѓутоа во иднина
Секоја година имаме многу турнири и можам да кажам дека успешно ќе настојувам и во иднина да ја претставувам својата земја