Турската полиција соопшти дека бомбашот самоубец, кој во неделата се разнесе во Истанбул, кога беа повредени 32 лица, бил челн на Курдската Работничка Партија. Станува збор за 24-годишниот Ведат Ачар, кој бил член од пред 6 години. Курдската Работничка Партија демантира дека стои зад самоубиствениот напад и соопшти дека го продолжила унилатералното примирје за уште 8 месеци.