Регионална „дипломатска“ соработка

Од неодамнешата средба меѓу Иванов и Тадиќ

Земјите од соседството ја засилуваат соработката успешно надминувајќи ја недовербата од минатото. Можна ли е во иднина соработка и на заеднички дипломатски план?
Како што процесот на интеграција напредува така и потребата за регионална соработка станува поголема. Конструктиваната улога на Словенија и Хрватска и нивниот интерес за јакнње на односите како и на Србија, значи можност да се надминува недовербата од војните и етничките чистења и прекројување на граници кои доведоа до заладување на односите на Западниот Балкан.
Тоа сега се охрабрува преку разни форми на соработка, вели професорот Денко Малевски.
Според него Македонија мора прво да ја зајкнува својата позиција односно да влезе во НАТО и во ЕУ за да може покомпетентно да влегува во други аранжмани на коперација со соседите.
Мислам дека реализацијата на заеднички дипломатски претставништва сигурно е можно во подалечни контакти, каде што интересите на Јужна Америка на пример не се доволно силни за да се оправдаат средствата што се трошат за таа намена


,,Можно е да нашата позиција биде загрозена, значи самостојноста на нашите одлуки да бидат загрозени, оттаму позицијата на Македонија на членка во НАТО или членка да речеме во блиска иднина за неколку години во ЕУ би ни овозможила една посигурна позиција и позначајна улога при влегувањето во овие сојузи."

Српскиот претседател Борис Тадиќ неодамна се заложи за зедничка дипламатија на земјите соседи. И Хрватска
Српскиот и хрватскиот претседател, Тадиќ и Јосиповиќ
и Словенија најавија дека ќе соработуваат со зеднички дипломати во некои земји за да се заштеди во буџетот.
За дипломатија во политичките прашања во регионот и претходно имаше иницијативи.
Потврда за ова е Пактот за стабилност. Но, се покажа дека во таа сфера има разлики бидејќи регионот помина низ конфликтен периот и тоа беше тешко изводливо, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу:

,,Мислам дека реализацијата на заеднички дипломатски претставништва сигурно е можно во подалечни контакти, каде што интересите на Јужна Америка на пример не се доволно силни за да се оправдаат средствата што се трошат за таа намена."


Дали во оваа фаза е можно да има заеднички дипломатски претставништва Македонија со други држави во регионот, е тешко изводливо, но како поминува времетотоа ќе станува можно бидејќи заедничкото претставување е во интерес и на што поекономично присуство во поширок дел во светот, вели Муслиу.
Ние и сега имаме европски држави кои имаат заеднико претствување.
Инаку во регионот реалност претставува соработката во одредени општествени сфери особено во економијата, инсфтруктурата и енергетиката. Го имаме договорот ЦЕФТА. Значи има и регинално претставување. Некои интереси се регионални, а во светот на глобализацијата економијата е нешто што бара поголеми рамки за да се биде поконкурентен.