Србија - акција за апсење на Ратко Младиќ

Српските безбедносни сили започнаа нова акција за пронаоѓање на обвинетиот од Хашкиот трибунал, генерал Ратко Младиќ, претресувајќи два објекта во Белград и еден во Аранѓеловац.
Според медиумите, акцијата е спроведена во ресторанот „Бајка“ и приватна куќа во Белград, како и во едно село кај Аранѓеловац.
Српската Влада минатата недела донесе одлука за зголемување на 10 милиони евра на наградата за добивање информација која ќе доведе до апсење на воениот командант на босанските Срби Ратко Младиќ.
Десетпати зголемената сума доведе до значително поголем број телефонски јавувања во српската Агенција за безбедност и информација во врска со информации за локацијата на Младиќ.