Денешните избори се случуваат на средината од 4 мандат на Барак Обама. Разочараноста од економските неприлики, се очекува да им донесе победа на Републиканците.
Американците избираат 435 членови на Долниот дом со двегодишен мандат и една третина од членовите на Сенатот, горниот дом на Конгресот, кој го сочинуваат вкупно 100 пратеници со шестгодишен мандат. Во некои сојузни држави ќе се гласа и за гувернери, функции во локалната власт, како и референдумски прашања.
Според последните истражувања 55 насто од испитаниците навеле дека планираат да гласаат за републиканците, што е најголем процент за една партија пред конгресни избори од 1974 година. Аналитичарите очекуваат републиканците да ја преземат контрола врз Претставничкиот дом, но дека нема да имаат доволно места и за мнозинство во Сенатот. Демократите во моментов имаат мнозинство во обата дома.
Економијата во фокусот на гласачите
Економијата и натаму е најголемиот проблем за демократите на овие избори.
Американскиот претседател Барак Обама дојде на власт на ветувањето за промени и економска обнова. Многумина мислат дека неговата администрација не ги исполни очекувањата и возбудата и оптимизот падна долу.
Брус Кеин професор на Беркли – Калифорнија вели дека на минатите избори Демократите добиле голема моќ и големи очекувања. Тоа комбинирано со забавеното економско опоравување доведе до чувството дека ветувањата не се исполнети.
“Се покажа дека економијата е многу потежок проблем отколку што луѓето на Обама очекуваа. Тие мислеа дека ке ја намалат невработеноста со разни мерки и стимулации, но таа е и натаму висока“
Претседателот Обама пак на гласачите им порача.
„Секако дека за оние кои гласаа за мене се надевам дека ако погледнете ке видите што се сме направиле во изминативе 18 месеци и колку ке направиме во годините што доѓаат“
На Обама се обиде да му помогне и сопругата Мишел која зборуваше пред подржувачите на лидерот на Демократите во Сенатот Хари Рид.
„Овие избори се за тоа што остана да го направиме во месеците и годините пред нас“. Но мојот сопруг тоа не може да го направи сам. Му требаат луѓе како Хари Рид да му помогнат“
Сепак се смета дека и доколку Демократите претрпат тежок пораз, прерано е да се отпише Обама за Претседателските избори во 2012. Многу сличен развој на настаните имаше и за време на Претседателите Бил Клинтон и Роналд Реган.

Овие избори се за тоа што остана да го направиме во месеците и годините пред нас ...