Грчка бродска компанија потврди дека нејзиниот брод е киднапиран од сомалиските пирати. Екипажот на киднапираниот брод е сочинет од 24 членови од кои еден Србин, двајца Црногорци , 3-ца Грци и 16 Филипинци. Претставник на фирмата соопшти дека бродот го нападнале вооружени пирати со два чамци. Се уште нема информации за состојбата на бродот и судбината на екипажот.