Меркел - Требаат повеќе емигранти во државна служба

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на малцинствата да им се нудат повеќе работни места во државната администрација. Таа рече дека луѓето со мигрантско потекло не се доволно застапени во владините институции. Меркел најави дека ќе ја отвори оваа тема на самитот што во среда ќе го одржи во Берлин со лидерите на малцинствата и со претставници на германскиот спорт и бизнис.