Околу 247 извршители ќе се вработуваат во РЕК ,,Битола". Опозицијата обвинува дека се работи за партиски вработувања.
ЕЛЕМ објави конкурс за вработување на 247 извршители на неопределно време во РЕК „Битола“. СДСМ обвини дека се работи за партиски вработувања, а сето ова дополонително ќе го оптоварат комбинатот. Според опозицијата на одредени места се дуплира бројот на извршители без да се зголеми обемот на работа. За пример ја посочија диспејџерската служба каде имало 21 работник, а сега се бараат уште толку извршители.
,,Власта на ВМРО-ДПМНЕ со овој јавен оглас уште еднаш докажа дека вработува нејзини послушници и партиски моќници, при тоа не водејќи сметка за социјалната и економската карта на сите оние кои се вработуваат на овој конкурс. Сето ова се однесува на позиции во постојните термоелектрана и рудник Суводол, а не за новиот нкоп Брод Гнеотино. Очигледно со ова не се зголемува продуктивноста, напротив се врши само бескруполозно здомување на партиските кадри и роднин и на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ."
вели Миле Јоновски од Комисијата за енергетика при СДСМ. Од таму велат дека годинава во РЕК ќе се вработат околу 600 нови извршители и се сомневаат дека превработеноста ќе влијае врз цената на струјата.
,,Зошто се бараат работници со по една година работен стаж, а не се земаат во предвид работниците од поранешната кујна РОЈС кои имаат по 10, 15, 20 или повеќе години работен стаж? Дали ваквите непродуктивни и партиски вработувања нема да бидат главната причина за зголемување на цената на електричната енергија, посебно имавјќи во предвид дека пред месец дена и во РЕК „Осломеј“ беа вработени 125 партиски кадри."
додаде Јоновски.
Од ЕЛЕМ дематираат дека се работи за партиски и непродуктивни вработувања. Велат дека инвестицискиот циклус од 100 милиони евра во опрема и отворање на нови рудници како Брод Гнеотино и Подинските серии на Суводол во РЕК наметна потреба од отворање на нови места, а исто така и природниот одлив на кадри, односно пензионирањето.
Власта на ВМРО-ДПМНЕ со овој јавен оглас уште еднаш докажа дека вработува нејзини послушници и партиски моќници, при тоа не водејќи сметка за социјалната и економската карта на сите оние кои се вработуваат на овој конкурс