Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави денеска во Белград дека политиката, насочена кон членството на Србија во НАТО во наредните години, е нереалистична. Тадиќ потсети дека од 2000 година Србија е вклучена во политичкиот процес за интеграција во НАТО. Тој, меѓутоа, истакна дека откако земјите членки на НАТО ја признаа независноста на Косово и зедоа учество во формирањето на Косовските сили за безбедност, Србија се нашла во нова ситуација и нова политичка реалност.