Досието ,,Ибар" и натаму главна тема во дневните печатени медиуми. Од останатите теми ,,Утрински" пишува за новите споменици во Скопје, ,,Нова Македонија" за економската состојба.
Продолжува театарската бурлеска ,,ДУИ-партија на кодоши,, чии последици, меѓутоа, веројатно нема да бидат за смеење.
Досие Ибар?
Во редакцијата на ,,Дневник,, пристигнало досиејето за таканаречениот ,,Ибар,, по потекло од Зајас, кое, патем, некои од оние што се' ,,знаат,, за овие работи го најавија веднаш по обелоденувањето на досиејата ,,Вујко,, и ,,Мама,,. Весникот веднаш го објави како ексклузивитет и требаше да ја стави само уште фотографијата на лидерот на ДУИ и коалиционен партнер на Груевски, Али Ахмети. ,,Дневник,, извлече наслов дека ,,ОНА била формирана во Белград,,.
И како што е вообичаено кај нас, ете ти занимација за сите медиуми. ,,Утрински,, забележува дека ,,Ибар може да ја поплави Владата,,. Тема број два што ги интересира медиумите: спомениците во Скопје и изградбата на објектите од ,,Скопје 2014,,. ,,Министерот Аголи рамо до рамо со Гоце Делчев,, и дека Советот на општина Центар го официјализирал пазарот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, објавува ,,Утрински,,.
,,Нова Македонија,, објавува дека ,,Седумдесетина нови споменици ќе никнат во центарот на Скопје,, а ,,Време,, дека за половината, како што пишува, барокна шминка на градот, досега се потрошени 130 милиони евра. Весникот, исто така, објавува мислења на домашни економски експерти кои сметаат дека вакви ,,Мртви проекти го уриваат развојот на државата,, и дека нема да има пораст на македонската економија со инвестирање во споменици, спортски сали, градинки, без големи пари наменети за стопанството. Кога сме кај економијата, ,,Нова Македонија,, ја анализира платежната кондиција на граѓаните, па насловува: ,,Цените ги претркаа платите,,. За да им останат пари за да ги намират месечните трошоци за струја, вода и греење, голем број домаќинства во земјава мораат да ги кратат трошоците за храна, пишува весникот. Тема број три што ја разбранува ,,сеир,, домашната јавност е инфромацијата што дојде со помош на интернетот и Јутјуб, дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски ,,Фрлил половина милион евра на медиуми,, како што пишува ,,Утрински,,. ,,Нова Македонија,, исто така ги става во наслов половината милион евра, а ,,Вечер,, вообичаено три-четири дена се занимава со ликот и делото на Црвенковски:
Ликот и делото на Бранко
,,Бранко пак лажел - исплатил најмалку 340 илјади евра!,, е еден од насловите на текстовите во ,,Вечер,,. Само ,,Утрински,, и ,,Дневник,, обрнаа внимание на појавата во Македонија која во последниве години е се' поизразена: партиските делби. Новововедениот празник од пред некоја година, 23 Октомври, денот кога е формирано историското ВМРО, е повод ,,Утрински,, да напише дека ,,Уште еден празник е прославен со партиски делби,, затоа што опозицијата го бојкотираше и годинашното одбележување на празникот, а партиите од десницата ја критикуваа ВМРО-ДПМНЕ дека го узурпира историското име. ,,Време,, го објавува тврдењето на Љубе Бошкоски дека власта подготвувала крваво сценарио за народниот бунт што на 7 ноември ќе го организира неговата партија во Скопје.