Кампања против семејното насилство

Од последната кампања пред неколку месеци против семејното насилство на Министерството за труд и социјална работа

Семејството насилство е кривично дело. Обединетите Нации бараат ситуацијата да се подобри.


,,Јас имам храброст и сила да му кажам не на насилството, можеш и ти." Ова е новата кампања против семејното насилство, која ќе ја спроведе министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на Обединетите Нации во Македонија. Министерот Џељал Бајрами вели дека со кампањата тие сакаат да испратат порака дека семејното насилство е кривично дело и дека ваквата појава не треба да се толерира. Најчести жртви се жените, кои се повеќе се охрабруваат да го пријават делото, вели тој.
Значи во последно време чувстуваме дека жените се повеќе се одлучуваат да ги пријавуваат насилниците во нивните семејства и тоа е добро


,,Значи во последно време чувстуваме дека жените се повеќе се одлучуваат да ги пријавуваат насилниците во нивните семејства и тоа е добро, впрочем само со нивно пријавување ние можеме да ги исполните нашите цели, а тоа е искоренување на ова зло."

Еден од поддржувачите на кампањата холандската амбасадорка во земјава, Симоне Филипини вели дека семејното насилство е присутно во секое општество и кампањата има цел не само да ја подигне свеста, туку и да се преземе акција.
Секое лице треба да му каже не на насилството и тоа не само во теорија туку и во пракса. Да не го практикува повеќе и доколку е некој сведок на било какво насилство да има храброст да го пријави во институциите


,,Секое лице треба да му каже не на насилството и тоа не само во теорија туку и во пракса. Да не го практикува повеќе и доколку е некој сведок на било какво насилство да има храброст да го пријави во институциите."

Постојаниот координатор на Обединетите Нации во Макаедонија, Диадра Бојд вели дека ваквиот вид на насилство може да биде спречен и оти ситуацијата може да се подобри преку институциите и невладиниот сектор.

,,Нашата работа како Обединети Нации е да им дадеме поддршка на нивните напори. Треба да се фокусираме на подобра национална стратегија, поефективни институции, како и заштита на жртвите и да им обезбедиме економска сигурност и секако да ја зголеми јавната свест за проблемот."

Оваа година има околу 500 случаи на семејно насилство во Македонија, а околу 80 проценти од жртвите се жени. Во Европската унија пак секоја четврта жена се нашла во ваква ситуација.