Одложена вчера па најавена за денеска. Ќе донесат ли нешто ново во македонско грчкиот спор Груевски и Папандреу?
Македонскиот премиер вчера требаше да има средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, но на барање на грчката страна, таа е презакажана за денеска во 14:30. Одложувањето на средбата е поради активностите на Папандреу на состанокот на Европскиот совет.
Како што е најавено, премиерот Груевски претпладне ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Груевски вчера имаше средби во Брисел со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
На нив тој рекол дека Македонија е подготвена и има силна волја за надминување на билатералниот спор за Грција околу уставното име под покровителство на ОН, со решение што ќе биде прифатливо за народите во двете земји.
Тешко до компромис?
Средбите на премиерско ниво се во принцип позитивни, но како што покажува и досегашното искуство од нив не треба многу да се очекува, велат експерите за најавената средба на премиерот Груевски со Папандреу во Брисел.
Груевски денеска се среќава и со шефот на НАТО Андрес Фог Расмусен. Професорот Денко Малески вели дека ваквите средби нема да вродат со плод.
На тие средби Грците претпоставувам едноставно ќе ги повторат нивните барања, за кои што своевремено и самиот премиер рече дека ниту една влада во наредните 100 години не ќе може да ги прифати
„На тие средби Грците претпоставувам едноставно ќе ги повторат нивните барања, за кои што своевремено и самиот премиер рече дека ниту една влада во наредните 100 години не ќе може да ги прифати, според тоа негледам дека нешто на такви средби може да се постигне, на средби за кои што нема претходна подготовка.“
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека средбите на премиерско ниво се во еднострана корист на Грција.
„Грција со тоа покажува, демонстрира дека ’еве ги правиме сите напори да дојдеме до решение‘, но тоа е само формално бидејќи суштински Грција нема отстапено ниту милиметар од своите максималистички барања.“
Деновите меѓународната зедница повторно упати пораки Макеоднија да не ја испушти историската шанса за влез во Унијата. По вчерашната средба со Груевски, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо рече дека очекува Македонија да најде решение за прашањето за името. Тој изјави дека идентитетските прашања се важни, но уште поважно е минатото да
Грција со тоа покажува, демонстрира дека `еве ги правиме сите напори да дојдеме до решение`, но тоа е само формално бидејќи суштински Грција нема отстапено ниту милиметар од своите максималистички барања
„Бидејќи сметам дека тоа е чекор напред од притисокот врз нас кога идентитетот веќе не е важен, туку е поважно ние да капитулираме де факто и да го решиме нивниот проблем.“
Малески вели дека нема да има придвижување на напред се додека Македонија сериозна не поработи дома:
„Градење на консензус околу тие тешки барања до Македонија.“
Груевски пред неколку денови изјави дека се надева оти идните средби со Папандреу ќе бидат посуштински и нема да бидат само формални.