Лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со објавените досиеја ги повикува граѓаните да останат умерени и ладнокрвни, но додава дека тоа треба да ги загрижи институциите.
Зачестеното објавување на досиејата за лица кои наводно биле соработници на тајните служби ја вознемири јавноста. За последното, досието „ Ибар“ кое се однесува на висок партиски функционер и поранешен командант на ОНА, коментар побаравме од првиот човек на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети.
,,Мислам дека цела оваа историја и хистерија што се случува ќе има крај. Мислам дека институциите на државата треба да се загрижат за овие безвредни памфлети кои и се делат на јавноста. Ние сме претпазливи и одговорни кон оваа ситуација што се создаде. Како прво, не сакаме да бидеме поттикнувачи на конфронтација меѓу луѓето. Ги повикуваме сите граѓани да бидат умерени и ладнокрвни истовремено очекуваме од сите државни институции како и експертите во одредени области да се обелодени вистината. Сега дозволете ми да ви одговорам на алегоричен начин. Па испаѓа дека ние Албанците сме биле најсреќниот народ во регионот зошто УДБА ја создала ОВК, се залагала за независноста на Косово и за рамноправноста на Албанците во Македонија."
изјави Ахмети, кој ќе биде гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа
Објавувањето на содржината на ваквите досиеа во медиумите може да предизвика големи штети врз севкупното политичко и социјално ткиво во земјата, сметаат експертите. Според Ѓунер Исмаил, поголемиот процент од она што го пишува во досиејата е резултат на фантазија и преголем ентузијазам на службеникот што го пишувал. Независно од тоа дали содржината е вистина или не, лустрацијата во земјата е непродуктивна, вели Исмаил.
Што велат експертите?
,,Процесот или т.н. процес на лустрација отвори во Македонија, но не продуктивен политички процес кој ќе резултира со разединување на ткивото кај албанската етничка заедница."
И проф. Осман Кадриу вели дека се почестото отворање и објавување на тајни досиеја сериозно треба да не загрижи. Ова предизвикува револт кај граѓаните, особено кај албанскиот електорат, вели Кадриу.
,,Ако овие околности се точни, ако овие факти се точни, секој чесен граѓанин независно на националната припадност, веднаш ќе реагира."
Кому му одговара ваквиот развој на настаните? Експертите велат дека во голем дел објавувањето на тајните досиеја е резултат на политички реваншизам и добивање поени.
,,Мислам дека тука македонските граѓани се појавуваат како извршители на воља, дали на соседи, дали на подалечни..."
,,Се работи за пресметки помеѓу политичките партии и добивање политички поени на друга политичка партија."
изјавија Исмаил и Кадриу. Сепак независно од тоа кој ги поднесува досиејата, за експертите позагрижувачко е дали нивната содржина е вистинита. Тоа треба да го утврди надлежната Комисија за лустрација.
Мислам дека цела оваа историја и хистерија што се случува ќе има крај. Мислам дека институциите на државата треба да се загрижат за овие безвредни памфлети кои и се делат на јавноста. Ние сме претпазливи и одговорни кон оваа ситуација што се создаде. Како прво, не сакаме да бидеме поттикнувачи на конфронтација меѓу луѓетo
,,Мислам дека цела оваа историја и хистерија што се случува ќе има крај. Мислам дека институциите на државата треба да се загрижат за овие безвредни памфлети кои и се делат на јавноста. Ние сме претпазливи и одговорни кон оваа ситуација што се создаде. Како прво, не сакаме да бидеме поттикнувачи на конфронтација меѓу луѓето. Ги повикуваме сите граѓани да бидат умерени и ладнокрвни истовремено очекуваме од сите државни институции како и експертите во одредени области да се обелодени вистината. Сега дозволете ми да ви одговорам на алегоричен начин. Па испаѓа дека ние Албанците сме биле најсреќниот народ во регионот зошто УДБА ја создала ОВК, се залагала за независноста на Косово и за рамноправноста на Албанците во Македонија."
изјави Ахмети, кој ќе биде гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа
Објавувањето на содржината на ваквите досиеа во медиумите може да предизвика големи штети врз севкупното политичко и социјално ткиво во земјата, сметаат експертите. Според Ѓунер Исмаил, поголемиот процент од она што го пишува во досиејата е резултат на фантазија и преголем ентузијазам на службеникот што го пишувал. Независно од тоа дали содржината е вистина или не, лустрацијата во земјата е непродуктивна, вели Исмаил.
Што велат експертите?
,,Процесот или т.н. процес на лустрација отвори во Македонија, но не продуктивен политички процес кој ќе резултира со разединување на ткивото кај албанската етничка заедница."
И проф. Осман Кадриу вели дека се почестото отворање и објавување на тајни досиеја сериозно треба да не загрижи. Ова предизвикува револт кај граѓаните, особено кај албанскиот електорат, вели Кадриу.
Мислам дека тука македонските граѓани се појавуваат како извршители на воља, дали на соседи, дали на подалечни...