Лидерите на Европската унија попладне започнуваат дводневен самит со цел зајакнување на буџетските правила на блокот од 27 земји за да се спречат нови должнички кризи како онаа во Грција. Сепак во Унијата нема голема поддршка за менување на Лисабонскиот договор што го предлагаат Германија и Франција.
На самитот, како што е најавено, претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј треба да го претстави конечниот извештај на работната група за економско управување која е под негово раководство.
Се очекува овој извештај да биде прифатен со цел до идното лето да се овозможи брза и ефикасна имплементација на препораките на работната група.
Меѓу нив се и зајакнување на фискалната дисциплина, проширување на економскиот надзор, поголема координација и зацврстување на институциите.
Комисијата беше основана од Европскиот совет во март годинава со задача да изнајде предлози за подобра буџетска дисциплина.Кризата во Грција ја откри потребата за посилна економска контрола како во еврозоната, така и во целата Европска унија.
Покрај овие предлози на самитот ќе бидат разгледани и некои прашања покренати во работната група, а кои, како што е соопштено, бараат натамошно разгледување.
Имено, на состанокот во Брисел се очекува да се расправа и за контроверзниот предлог на Германија и Франција, доминантни членки во Унијата, за менување на Лисабонскиот договор со цел поголемо економско управување во земјите на Европската унија.
Германија и Франција тврдат дека ваквите промени на Договорот се потребни ако се сака да се постигне неопходната финансиска дисциплина.
Во спротивно, како што образложуваат, е можно повторување на кризата како онаа во Грција која по неколкугодишното непочитување на правилата на Европската унија беше принудена да побара меѓународен финансиски спас од неколку милијарди долари.
Овој предлог ја нема поддршката и од другите членки на Унијата кои страхуваат дека повторното отворање на Лисабонскиот договор што ги поставува основните принципи и правила на Унијата може биде почеток на дестабилизација на европскиот дом.
Германската влада која со најмногу средства учествуваше во Европскиот фонд за финансиска стабилност смета дека не може под сегашните правила и натаму да дава пари во Фондот, бидејќи ризикува тоа да биде отфрлено од моќниот германски Уставен суд.
,,Точно е дека француско германскиот договор не е сè во Европа, но без француско германскиот договор, не ќе може многу да се направи.,,
изјави канцеларот Ангела Меркел во германскиот парламент, во пресрет на евросамитот во Брисел на кој ќе се разговара и за приоритетите на Унијата на самитот Г20 во почетокот на ноември во Сеул, како и за подготовките на конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, што од 29 ноември до 10 декември ќе се одржи во Канкун.
Се очекува овој извештај да биде прифатен со цел до идното лето да се овозможи брза и ефикасна имплементација на препораките на работната група.
Меѓу нив се и зајакнување на фискалната дисциплина, проширување на економскиот надзор, поголема координација и зацврстување на институциите.
Комисијата беше основана од Европскиот совет во март годинава со задача да изнајде предлози за подобра буџетска дисциплина.
Точно е дека француско германскиот договор не е сè во Европа, но без француско германскиот договор, не ќе може многу да се направи