Новата четиригодишна стратегија на партнерство предвидува финансиска поддршка од околу 200 милиони долари.
Владата и Светска Банка денеска ја презентираа новата стратегија за партнерство за периодот 2011-2014 година, во која се предвидени ивестиции во износ од 200 милиони американски долари. Приоритет ќе им се дава на инфраструктурните и енергетските проекти. Но, во какви услови ќе се влеваат парите? Постојаниот претставник на Светска банка во Република Македонија Лилија Бурунчук констатира дека Македонија многу подобро се справила со кризата во споредба со соседните земји, но забележува дека ефектите од кризата и понатаму ќе се чувствуваат.
,,Растот кај главните трговски партнери на Македонија ќе биде многу бавен. Ова ќе влијае врз потенцијалот за раст на извозот од земјата. Тоа значи дека Македонија ќе треба повеќе да се натпреварува со цел да го добие својот пазарен удел. Ќе треба земјата подобро да се подготви и да стане многу поконкурентна."
Токму затоа стратегијата на Светската банка се фокусира на растот, вели Бурунчук и додава:
,,Со побрзиот развој ќе и се помогне на Македонија да постигне подобри резултати со подобрување на конкурентноста. Со поголемата инклузивност на сите ќе им се овозможи да ги почувствуваат ефектите од растот. Со зелениот раст на идните генерации ќе им се остави земја во која ќе можат да живеат."
Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека парите ќе се инвестираат во енергетски и инфраструктурни проекти и додава:
,,Во тек се и разговори за подршка на останатите сектори, реформите во останатите сектори како образованието, здравството, реформите во социјалниот сектор. Така што низ тие разговори преку еден партнерски пристап, преку оценка каде е најефикасно да се алоцираат средствата што ги обезбедува Светската Банка ќе дојдеме до заклучок кој од овие проекти и која од оваа области да бидат поддржани во вторите две години од оваа стратегија."
Меѓу најактуелните проекти во моментот се плановите за изградба на хидроелектричните централи Чебрен и Галиште за кои како консултанти се ангажирани од Меѓународната финансиска организација, дел од Светската банка. За сега нема дополнителни детали за овие проекти.
Со побрзиот развој ќе и се помогне на Македонија да постигне подобри резултати со подобрување на конкурентноста...
,,Растот кај главните трговски партнери на Македонија ќе биде многу бавен. Ова ќе влијае врз потенцијалот за раст на извозот од земјата. Тоа значи дека Македонија ќе треба повеќе да се натпреварува со цел да го добие својот пазарен удел. Ќе треба земјата подобро да се подготви и да стане многу поконкурентна."
Токму затоа стратегијата на Светската банка се фокусира на растот, вели Бурунчук и додава:
,,Со побрзиот развој ќе и се помогне на Македонија да постигне подобри резултати со подобрување на конкурентноста. Со поголемата инклузивност на сите ќе им се овозможи да ги почувствуваат ефектите од растот. Со зелениот раст на идните генерации ќе им се остави земја во која ќе можат да живеат."
Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека парите ќе се инвестираат во енергетски и инфраструктурни проекти и додава:
Во тек се и разговори за подршка на останатите сектори, реформите во останатите сектори како образованието, здравството, реформите во социјалниот сектор