Од лидер до „лузер“

Македонија тапка на патот кон НАТО и ЕУ

Експертите оценуваат дека во Македонија недостасуваат големи реформски зафати за членство во ЕУ и НАТО и повикуваат на национален консензус меѓу партиите за прашањата од државен интерес.
Од лидер во регионот до лузер, вака експертите ја опишуваат состојбата на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Од земја која далеку зад себе ги оставаше земјите во опкружувањато во спроведувањето на реформите, денеска Македонија не е член ниту на една од овие две организации. Земјата веќе пет години тапка во место и ништо битно не се сменило од објавувањето на одлуката да стане земја кандидат за членка на Унијата. Иако Србија, Црна Гора и Албанија беа далеку зад нас, сега работат на исполнување на обврските и забрзнао се приближуваат на ЕУ. Хрватска и Албанија се дел од НАТО. Аналитичарот Албер Муслиу вели дека Македонија ги пропуштила можностите да стане членка на Унијата и на НАТО
во времето кога спорот за името не беше еден од предусловите за членство. Но додава и дека земјата
Така што има многу сфери од тие кои ни се бенчмаркови каде што реално немаме напредување. Тие сфери не се тајна, се укажуваат, но кај нас за жал се трудат да ги амортизираат тие изјави на функционерите на ЕУ и ЕК. Реално нема големи реформски зафати.
многу малку прави на решавање на другите нотирани проблеми и затоа сега земјите од соседството ја претркуваат.

„Така што има многу сфери од тие кои ни се бенчмаркови каде што реално немаме напредување. Тие сфери не се тајна, се укажуваат, но кај нас за жал се трудат да ги амортизираат тие изјави на функционерите на ЕУ и ЕК. Реално нема големи реформски зафати.“

Професор Лазар Лазаров вели дека виновниците за стагнирањето на земјата на патот кон ЕУ и НАТО може да се бара како во надворешните фактори , така и во немањето државна стратегија за решавање на проблемите.

„Односите позиција – опозиција. Ние немаме национален консензус за државните
Ние немаме национален консензус за државните интереси.
интереси. Едни со други се напаѓаат што не е убаво и се создава лоша слика за Македонија. Значи, нас ни фали стратегија и консензус за тие национални државни интереси.“

Од земјите во регионот Хрватска предничи на патот кон ЕУ, во последно време и Србија покажува силана проевропска определба. Црна Гора е на чекор до кандидатски статус и Албанија ита кон ЕУ, единствено Босна и Херцеговина останува црна дупка во регионот.