Директорот за политичко планирање во канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, Џејми Шеј изјави дека НАТО се уште не го одредил датумот за целосно повлекување од Косово. Шеј смета дека алијансата и натаму ќе ги обучува припадниците на косовските сили за да ги штитат сите народи во земјата и додаде дека нивниот состав треба да биде мултиетнички.