Eден од највисоките приоритети на СДСМ, без разлика дали е на власт или во опозиција, се евро-атлантските интеграции, му рекол лидерот на оваа партија Бранко Црвенковски на заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Томас Кантриман на денешната средба во Скопје.
Црвенковски потенцирал дека СДСМ е конструктивна опозиција и дека дава позитивен придонес во однос на сите прашања кои значат остварување на овие цели, вклучително и надминување на спорот за името со Грција, се наведува во соопштението од СДСМ.
Кантриман повторил дека прашањето за името треба да биде надминато заради долгорочните цели Македонија да стане членка на НАТО Алијансата и да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ.