Македонците песимисти за иднината

Македонците се песимисти за нивната иднина. Ова се наведува во најновото четвртто издание на Индексот на просперитет што го издава Легатум институтот со седиште во Лондон. Станува збор за глобална проценка на богатството и добросостојбата во светот во која годинава се рангирани 110 земји кои покриваат над 90 насто од светското население. Македонија на листата се најде на 72 место.
Хронично висока невработеност, односно една третина од населението е невработено и само нешто над оваа бројка велат дека се среќни со нивниот животен стандард.

Ова се наведува во Индексот на просперитет во светот за Македонија која од анализираните земји во Европа се најде на претпоследното место, односно само пред Молдавија.

Тоа е поткрепено и со рангирање како например дека според вербата на македонците во пазарот на трудот, земјата е на 92 место.

Во Индексот се оценува дека на македонската влада и недостига доверба на јавноста и оти се смета за корумпирана.

Македонија не успева доволно да ги едуцира своите деца, особено во основното образование, се наведува во Индексот во кој се додава
Во 2008 година само 44 насто од македонците биле среќни со нивната слобода на избор на живеење, едно од десетте најниски нивоа во Индексот кој всушност претставува единствена дефиниција за благосостојбата во светот при што се комбинираат економските фактори, заедно со мерките на среќата и квалитетот на животот
дека повеќето од жителите се задоволни со нивното здравје или изразено во бројки осум од десет се среќни со здравјето.

Што се однесува до безбедноста и сигурноста Македонија се најде во средината на светските трендови и повеќето од граѓаните се чувствуваат безбедни од криминалот.

Исто така, македонците уживаат умерено ниво на граѓански слободи како слобода на говорот, верувањето и собирањето.

Во 2008 година само 44 насто од македонците биле среќни со нивната слобода на избор на живеење, едно од десетте најниски нивоа во Индексот кој всушност претставува единствена дефиниција за благосостојбата во светот при што се комбинираат економските фактори, заедно со мерките на среќата и квалитетот на животот.

Во него се покажува дека земјите со најдобар просперитет се наоѓаат во Северна Европа: првите три рангирани се Норвешка, Данска и Финска по што следуваат Австралија и Нов Зеланд.

Соединетите држави се рангирани на 10 место, три подолу е Британија, а 15 место го зазема Германија.

Најнаселените земји во светот не се и најпросперитетните. Имено, Бразил, Русија, Индија и Кина, кои имаат повеќе од 40 насто од светското население, не успеваат да се рангираат високо на Индексот.

Од нив, само Бразил е во горниот дел на табелата. Уште еднаш најниско рангирана земја е Зимбабве, која со Пакистан, Централна Африканска Република, Етиопија, и Нигерија се најде на дното на Индиксот чиј главен заклучок е дека клучен фактор на севкупниот просперитет е претприемништвото.