Европската унија треба да изврши притисок врз Србија во целост да соработува со Хашкиот трибунал, пред да го разгледува нејзино зачленување, соопшти Хјуман рајтс воч. Од оваа организација потсетуваат дека одлуката на шефовите на дипломатиите на ЕУ да го проследат барањето на Србија, подразбира и во секој следен чекор да биде разгледувана нејзината соработка со Трибуналот. „ЕУ не треба да попушти пред малодушната соработка на Србија со Хаг,, се вели во соопштението во кое се изразува верување дека Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ се наоѓале на дофат на српските власти.